Младите махери за роботи од Тетово

Младите махери за роботи од Тетово

186
SHARE
Фото Профимедиа

Натпревар Учениците од елетротехничката насока на средното земјоделско училиште нижат успеси на меѓународни натпревари по роботика. Марио Бојаровски, ученик од ова училиште, лани го освои првото место на „Робомак“ со својата програма, преку која мал робот минува низ лавиринт за најкусо време.

Пишува Зоран Димовски, Тетово

Властите треба да креираат идеи и програми за вклучување на роботизација во секојдневниот живот, со што ќе се олесни секојдневието на граѓаните, а државата ќе има бенефит, вели Небојша Трпковски, кој предава програмирање и практична настава во електротехничката струка во земјоделското училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.

– Кај младите има интерес за роботиката, односно за вештачката интелигенција, но не се мотивирани – вели Трпковски.

Учениците од елетротехничката насока на средното земјоделско училиште нижат успеси на меѓународни натпревари во оваа модерна технологија. Последниот успех беше регистриран минатата година кога Марио Бојаровски, ученик од ова училиште, го освои првото место на Интернационалниот натпревар по роботика „Робомак“. Тој со својата програма, преку која мал робот минува низ лавиринт за најкусо време, победи во конкуренција на 80 натпреварувачи.

– Во рамките на нашето училиште постои електротехничката струка, односно компјутерски техничар за автоматика и информатика. Ние учиме програмирање, бидејќи тоа е основата на вештачката интелегенција и паралелно на тоа работиме со секција на роботика, која има разни активности. Една од нив е учеството на „Робомак“, натпревар на кој наши ученици учествуваат четири години по ред и каде што програмираат роботи – вели Трпковски.

Успесите на интернационални натпревари по роботика ги мотивира учениците да продолжат да напредуваат.

– Би било убаво властите, градски и централни, да промовираат активности во кои ќе биде вклучена роботизација, за да може на младите да им стане поблиска – вели Трпковски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY