Мицкоски: Повикувам на разум, да се избегнат девијантно однесување

Мицкоски: Повикувам на разум, да се избегнат девијантно однесување

59
SHARE

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Струмица повика на разумно однесување на парламентарното мнозинство при донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

– Повикувам уште еднаш за разум, да се избегне парламентарен тероризам на мнозиството. Повикувам уште еднаш за почитување на Деловникот, почитување на законите, бидејќи ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. Затоа уште еднаш за последен пат повикувам за разум. Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка – додаде Мицкоски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ  понудивме решение кое се темели на формирање работни групи, кои ќе бидат составени од сите парламентарни политички партии, ќе биде вклучена експертската јавност, ќе бидат вклучени претставници од МАНУ и кабинетот на претседателот на државата.

-Темата е чувствителна. Во минатото видовме дека оваа тема предизвика голем број реакции и кај експертската јавност, но и во општата јавност во Република Македонија – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY