Малески: Потребно ни е неутрално име, но признавам, „Илинденска Македонија“ е прилично...

Малески: Потребно ни е неутрално име, но признавам, „Илинденска Македонија“ е прилично паметно решение

Новиот предлог за името нема да го загрози нашиот идентитет, но сметам дека е можно да се отвори расправа со Бугарија, затоа што Бугарите во својата историја го сметаат Илинденското востание за бугарско востание.

1765
SHARE
Фото: Плусинфо

По информациите во дел од медиумите, дека најновиот предлог за решение на спорот со името кој Македонија го има со Грција, е „Република Илинденска Македонија“, професорот и поранешен министер за надворешни работи, Денко Малески, вели дека е најдобро да не се брза со заклучоците, бидејќи тоа се уште не е официјално соопштено.

– Ако „Република Илинденска Македонија“ биде конечното решение, сметам дека на тој начин ќе се ублажи античкото поимање на државните корени и народот без проблем ќе го прифати новото име. Нашиот проблем со идентитетот ќе го разрешиме со договорот на начин кој Грците го посакуваат, а тоа е да се оддалечиме од античка Македонија, додека, пак, нашиот словенски идентитет никој не може да го оспори. Новиот предлог за името нема да го загрози нашиот идентитет, но сметам дека е можно да се отвори расправа со Бугарија, затоа што Бугарите во својата историја го сметаат Илинденското востание за бугарско востание. Во секој случај, јас лично сметам дека треба да избереме некое неутрално и модерно име како што е „Нова Македонија“, но мора да признаам дека и „Илинденска Македонија“ е прилично паметно решение затоа што македонскиот народ во голема мера е емотивен кога станува збор за Крушевската Република – објаснува Малески.

М.Б.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY