Кардиолог дава рецепт: Ова е најздравиот и единствениот леб кој можете да...

Кардиолог дава рецепт: Ова е најздравиот и единствениот леб кој можете да го јадете колку што ќе посакате ФОТО

796
SHARE
Профимедиа

Според кардиологот Стивен Гандри од Небраска, авторот на книгата „парадокс на билките“, постои само еден тип леб кој навистина можете да јадете без грижа на совеста.

И нималку не не чуди што тој леб воопшто и не содржи житарки.

Доктор Гандри го нарекол „замалку леб“, и не содржи соја, квасец ниту глутен. А, всушност, изгледа како леб!

Од што воопшто се состои, се прашувате? Од белки, бадемово брашно, кокосово масло, кокосово брашно, брашно од сладок компир, брашно од лешник, путер од бадеми и уште некои ситници. Едно парче по негов рецепт има 90 калории.

Секако, д-р Гандри покренал и производство па целиот рецепт не сака да го открие. Но, имајќи предвид дека и самиот рекол дека инспирацијта за лебот потекнала од палео исхраната која изобилува со рецепти за леб од слични состојки, и вие можете да направите некоја од своите верзии на здравиот „замалку леб“. Ние избравме еден од во моментот најпопуларните на интернет, а вие можете да истражувате варијации на таа тема.

Рецепт:

2 шолји од бадемово брашно
1/3 чаши + 1 лажица сомелен лен
1 лажичка зрна од цел лен
1/2 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
1/2 шолја густин
6 лажици путер
4 јајца
1 лажица јаболков оцет
1/2 чаша јогурт

Постапка:

Во голем сад помешајте ги сите прашкасти состојки и ленот. Во тава истопете го путерот и оставете да се излади пет минути. Измешајте го истопениот путер со јајцата, оцетот и јогуртот. Со гумена маталка нежно промешајте ги влажните и сувите состојки додека не добиете брашно. Внимавајте да не претерате со мешањето, бидејќи така ќе стане прегусто и маслено.

Сипајте во сад за печење кој сте го обложиле со хартија за печење. По желба посипете уште малку лен. Печете на 175 степени околу 25 минути (проверувајте со чачкалица за да бидете сигурни кога е готово).

Пуштете го лебот да се излади во рерната, потоа исечете го на тенки парчиња и послужете.

За да ја зачувате свежината на овој леб, обвиткајте го во хартиена салфетка и сместете во ќесички со херметички зип затворач.

Подготви: K. A.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY