Емил Павлов загуби во финалето на Премиерлигата во Дубаи

Емил Павлов загуби во финалето на Премиерлигата во Дубаи

80
SHARE

Емил Павлов загуби во финалето од Турчинот Ерај Самдан со 1-2 во категоријата до 60 килограми, на вториот турнир годинава од Карате 1 Премиерлига во Дубаи.

До финалето, Павлов ги победи Јуејонг Гу од Ј. Кореја со 3-1, Степан Ефименко од Русија 3-2, Олег Филиповиќ од Украина со 6-0 и Калвис Калин од Литванија со 5-3.

На турнирот настапуваат 629 натпреварувачи од 219 клуба од 74 земји.

И покрај поразот, поранешниот европски шампион собра значајни поени во борбата за обезбедување олимписка виза за „Токио 2020“ кога каратето ќе дебитира на најголемиот светски собир на спортистите.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY