Директорот на „Идризово“ поднесува оставка

Директорот на „Идризово“ поднесува оставка

446
SHARE
Фото Принтскрин

Директорот на казнено-поправната установа „Идризово“ дава оставка на позицијата поради излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата.

Керим Мамути, кој стоеше на позицијата директор на „Идризово“ инфорацијата за оставката ја потврдил за Нова ТВ.

До изборот на нов директор на најголемиот затвор во Македонија, со него ќе раководи заменик директорот.

Нов директор се очекува да биде назначен во јануари следната година.

Алијансата за Албанците неодамна соопшти дека излегува од Владата бидејќи им било одземено местото кое сметаат дека им припаѓа во извршната власт – Министерството за здравство, наведува Нова ТВ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY