Арсовски: Предлогот „Илинденска Македонија“ овозможува „ерга омнес“

Арсовски: Предлогот „Илинденска Македонија“ овозможува „ерга омнес“

Ние ќе мора да се откажеме од античкиот дел од нашата историја и од тврдењата на претходната влада дека по еволуцијата на видовите, најпрво се појавиле Македоницте, а дури подоцна амебите.

1702
SHARE

Сè уште не е прецизирано дали станува збор за „Република Илинденска Македонија“ или „Илинденска Република Македонија“, но кој предлог и да се одбере, новото име ќе го вкорени македонскиот идентитет во Илинден, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

– Новиот предлог ќе овозможи Грција да го прифати македонскиот јазик и македонскиот народ, бидејќи зборот „Илинденска“ нè ослободува од приказната дека влечеме антички корени. Од друга страна, таквиот предлог овозможува и „ерга омнес“, па ако подобро ги погледнеме работите, оваа нова предложена опција претставува идеално решение кое ќе биде пресек помеѓу македонските и грчките услови. Ние ќе мора да се откажеме од античкиот дел од нашата историја и од тврдењата на претходната влада дека по еволуцијата на видовите, најпрво се појавиле Македоницте, а дури подоцна амебите. Со новиот предлог, ние го потенцираме словенското потекло, но сепак многу работи зависат од тоа дали и ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати новото име. Ако опозицијата го прифати предлогот, кој всушност е врзан со Комитите, тогаш нема да се појават никакви проблеми и народот нема да се крене на бунт. Но, доколку не го прифати, тогаш сите опции остануваат отворени и сè може да се очекува – објаснува Арсовски.

М.Б.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY