Вестбрук уште пред две недели се договори со Леброн и Дејвис да дојде до Лејкерс

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Иако изминатата ноќ се одржуваше НБА драфтот, главна вест во НБА е Расел Вестбрук кој на 6. август ќе стане нов кошаркар на Лос Анџелес лејкерс. Оваа размена била договорена уште пред две недели, а ќе се официјализира на 6 август, кога НБА лигата ќе го објави селари капот за следната сезона.

Поранешниот МВП на лигата, Расел Вестбрук од Вашингтон се сели во ЛА Лејкерс во замена за Кајл Кузма, Монтрезл Херел, Кентавиус Колдвел-Поуп и 22. Избор од утринскиот драфт (Ајзеа Џексон).

Американските медиуми пренесуваат дека оваа размена била договорена уште пред недели кога Вестбрук и најголемите ѕвезди на Лејкерси, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис имале средба во домот на Леброн за да го разгледаат сценариото по кое ќе играат во ист тим.
Вестбрук на тајниот состанок им порачал на Леброн и на Дејвис дека сака да се врати во родниот град, Лос Анџелес и конечно да стане НБА шампион. Од друга страна, Џејмс и Дејвис порачале дека повеќе ќе играат на позициите центар и крилен центар за да му ја олеснат адаптацијата на Вестбрук во тимот на Лејкерси.

Вестбрук од 2008 година настапува во НБА лигата и досега го носеше дресот на Оклахома сити тандерс, Хјустон рокетс и Вашингтон за кого играше минатата сезона. Најголем индивидуален успех му е признанието за МВП на сезоната во 2017 година додека со тимот на Оклахома сити играше во финалето на Западната конференција но беше елиминиран од Голден Стејт вориорс.
Минатата сезона во дресот на Вашингтон имаше просек од 22.2 поени, 11.5 скокови и 11.7 аситенции по натпревар.

Леброн Џејмс ќе добие фантастичен соиграч, Вестбрук се прости од навивачите на Вашингтон

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот