Вестбрук сам го победи Бостон, дебакл на Лејкерс (ВИДЕО)

twitter/Houston Rockets

Победникот во дербито на вечерта беше решен по продолжението од пет минути.

Хјустон рокетс со 111:110 го совлада Бостон селтикс во најнеизвесниот натпревар во НБА лигата. Расел Вестбрук одигра одлична партија, постигна 41 поен, 5 асистенции и 8 скокови.

Во самиот финиш од натпреварот, Бостон имаше негатива од четири поени, но Џејлед Браун постигна тројка по намерно промашеното слободно фрлање. Сепак, во продолжението Вестбрук беше најдобар и му обезбеди победа на Хјустон.

ЛА Лејкерс го одиграа најслабиот натпревар сезонава и се убедливо поразени од Мемфис со 105:88.


Џа Морант со 27 поени и 14 асистенции беше најрасположен во тимот на Мемфис каде се истакна и Брукс со 24 поени. Леброн Џејмс постигна 19 поени со осум скока и 10 асистенции за ЛА Лејкерс кој и понатаму останува лидер во Западната конференција.

Индијана пејсерс конечно нема проблеми со повредените играчи и без проблеми со 113:104 го победи Кливленд. Домантас Сабонис имаше дабл-дабл од 18 поени и 13 асистенции, додека Ворен постигна 30 поени за петтиот тим на Истокот.

Голден стејт со 115:99 го совлада Феникс, а Мајами ја продолжи кризата на Бруклин кој до крајот на сезоната ќе игра и без втората ѕвезда, Кајри Ирвинг, кој се повреди.

Резултати:
Феникс – Голден Стејт 99:115
Сан Антонио – Орландо 114:113
Бостон – Хјустон 110:111
Мемфис – ЛА Лејкерс 105:88
Кливленд – Индијана 104:113
Мајами – Бруклин 116:113
Атланта – Портланд 129:117

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот