Вестбрук и Харден на невообичаен начин се подготвуваат за новата сезона (ВИДЕО)

Џејмс Харден и Расел Вестбрук во наредната сезона повторно ќе бидат соиграчи, овој пат во Хјустон рокетс.

Фановите на „ракетите“ се во дилема како ќе функционираат на теренот двајцата кошаркари, и Харден и Веструк се познати како играчи кои сакаат да ја имаат топката во своите раце и да шутираат во одлучувачките моменти.


Ваквите стравувања на фановите ги отфрлија и двајцата кошаркари кои заедно играа во Оклахома сити тандер, а тоа го потврдија со заедничките подготовки.
Харден и Вестбрук заедно се подготвуваат за новата сезона и тоа вежбајќи бокс со цел да ја подобрат физичката кондиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот