Вестбрук го престигна легендарниот Меџик Џонсон (ВИДЕО)

twitter/nba

Хјустон рокетс со 126:123 ги совлада Њу Орлеанс пеликанс, а Вестбрук оствари учинок од 28 поени, 10 скокови и 13 асистенции, што е негов 139 трипл-дабл во кариерата.

Со новиот трипл-дабл, кошаркарот на Хјустон го помина легендарниот Меџик Џонсон во второто место на вечната ранг листа, и сега пред него се наоѓа само Оскар Робертсон кој има дури 181 вакво остварување.

– Знам дека изгледа сосема нормално да се оствари трипл-дабл, но тоа бара многу енергија, жртвување и потготовки за секој натпревар. Ова е големо постигнување за мене бидејќи како мал не ни помислував дека еден ден ќе заиграм во НБА. Сега сум дел од историјата и многу сум горд на тоа – изјави Вестбрук.

Резултати: Детроит – Филаделфија 111:117, Атланта – Орландо 103:99, Њујорк – Бостон 95:118, Чикаго – Торонто 84:108, Кливленд – Индијана 110:99, Хјустон – Њу Орлеанс 126:123, Јута – Сакраменто 113:81, Сан Антонио – Вашингтон 124:122, Феникс – ЛА Клиперс 130:122.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот