Вест на денот: Меси и Барселона се договорија

EPA-EFE/Spanish Royal Soccer Federation

Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Лионел Меси и Барселона, а потписот на новиот договор се очекува да биде до крајот на неделава.

Како што наведува „Спорт“, Меси ќе потпише петгодишен договор со клубот во кој ја помина целата кариера и со тоа ќе стави крај на сите шпекулации дека може да си замине, откако на 1 јули стана слободен играч. Имаше навестувања дека Меси ќе се пресели во ПСЖ, или дека ќе потпише за Интер Мајами во американската МЛС лига.

Аргентинецот чувствува дека има сила и енергија и понатаму да игра на највисоко ниво во Барселона и поради тоа се согласи на намалување на платата за дури 50 проценти поради финансиската криза во која се наоѓа клубот. „Спорт“ пишува дека Меси целосно ја разбира ситуацијата и сака да биде пример за останатите играчи кои засега одбиваат намалување на платите, барем во наредните две сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот