Вест која го крена светот на нозе: Го видов Шумахер, се бори

Шумахер во 1999 година имаше стравичен инцидент во кој заработи скршеница на ногата/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Претседателот на светската автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод, со изјава која го воодушеви светот на спортот.

Се помалку и помалку информации има за здравствената состојба на Михаел Шумахер, но најновата која доаѓа од првиот човек на ФИА и поранешен директор на Ферари, влева надеж. Тод во интервју за „Дејли Меил“ откри дека неодамна повторно го видел Шумахер кој се наоѓа во својот дом во Швајцарија.

– Го видов Шумахер минатата недела. Се бори! Се надевам дека и светот ќе го види наскоро. Тој и неговото семејство вложуваат многу напор и труд да се случи тоа – оптимист е Жан Тод.

Седумкратниот Формула 1 шампион се опоравува од последиците од падот на глава на 29. декември 2013 година по кој имаше неколку операции, но по барање на неговото семејство, здравствената состојба е тајна за целиот свет.

Шумахер минатиот месец требаше да има нова операција, на матични клетки но таа е одлоќена поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот