ВЕСТ КОЈА ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ: Касиљас ја продолжува борбата…!

Фото: Profimedia

Неверојатно, само шест месеци откако на еден тренинг на Порто доживеа инфаркт, шпанскиот голман Икер Касиљас, објави фотографија која во исто време го изненади, но и одушеви целиот свет.

Пред само шест месеци светот остана во шок кога чуварот на мрежата доживеа срцев удар.

Тој го преживеа мозочниот удар и остана без никакви последици. Докторите го советуваа да се откаже од активното играње фудбал, но Шпанецот не се откажува и се пофали на социјалните мрежи.

Касиљас во меѓувреме улогата на голман ја замени со улога во стручниот штаб на Порто, а после половина година повторно се најде меѓу стативите!

Фотографија која ја објави на социјалните мрежу предизвика одушевување кај навивачите, но и бројните колеги на Касиљас.

Од 2015 година е член на португалскиот клуб освојувајќи ја еднаш титулата во националниот шампионат на таа земја.

Претходно во кариерата најголемите успеси ги доживеа со Реал Мадрид, со три титули во Лигата на шампионите.

На репрезентативно ниво со репрезентацијата на Шпанија двапати беше европски шампион, а еднаш се искачи и на светскиот врв во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот