Вест Хем го шутна Пелегрини, избрканиот асистент на Енрике си најде работа

twitter/SPORTbible

Во последниот наптревар во 2019 година, „чеканите“ пред своите гледачи загубија од Лестер со 1:2 за шести пораз на домашен терен оваа сезона.

Вест Хем во последните 12 натпревари во Премиер лигата забележа дури девет порази и се наоѓа на 17. место на табелата. Овие катастрофални бројки и резултати беа доволна причина за раководството на екипата да му врачи отказ на Пелегрини кој на клупата на „чеканите“ седеше една и пол година.

За разлика од Пелегрини кој остана без работа, поранешниот асистент на Луис Енрике, Роберто Морено, кој едно време беше и селектор на Шпанија, тренерската кариера ќе ја продолжи во Франција.

Морено е новиот тренер на Монако, кој денеска го отпушти Леонардо Жардим поради слабите резултати сезонава. Морено потпиша две и пол годишен договор со Монако, екипа која моментно се наоѓа на седмото место на табелата во француската Лига 1.

Тој досега работеше како помошник на Луис Енрике во Рома, Селта и Барселона и во шпанската репрезентацијата, а самостојно ги водеше екипите на Ла Флорида, Хоспиталитет и Кастелдефелс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот