Вест Хем го шокира Челси во лондонското дерби

Фудбалерите на Вест Хем му го нанесоа вториот пораз на Челси во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Фудбалерите на Вест Хем во фантастичен натпревар со 3:2 го совладаа Челси и му го нанесоа вториот пораз во Премиер лигата на актуелниот лидер на табелата и европски шампион. Голот вреден победа за „чеканите“ го постигна Масуаку во 88 минута.

Првото полувреме помина во динамична игра во која беа постигнати три гола. Резултатот го отвори Тијаго Силва во 28 минута кој најдобро се снајде по корнерот на Мејсон маунт.

Во наредниот период „сините“ ја контролираа играта, но со катастрофалната грешка на голманот Едуард Менди примија гол. Имено, Жоржињо ја врати топката до Менди кој се испаничи откако му пријде Бовен и го собори по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Лансини.

Но, на одмор се замина со предност на Челси и тоа благодарение на голот на Маунт во 44 минута.
Второто полувреме започна со израмнувачкиот гол на Бовен во 56 минута. Во продолжение од натпреварот, „сините“ доминираа, додека играчите на Вест Хем се закануваа преку контранапите и во една таква акција, Бовен промаши празен гол.

Во финишот, кога навивачите помислија дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи Масуаку кој со шут откосо од левата страна го совлада Менди и му донесе голема победа на Вест Хем.
Челси остана лидер на табелата со 33 бода, но доколку Манчестер сити вечерва го совлада Вотфорд, ќе се искачи на првото место, додека Вест Хем остана на четвртата позиција со 27 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот