Веспрем прв финалист во СЕХА Лигата

фото СЕХА лига/Anze Malovrh / kolektiff

Екипата на Веспрем обезбеди пласман во финалето на регионалната ракометна СЕХА лига откако во првиот полуфинален дуел од завршниот „фајналфор” турнир кој се игра во Задар, го совлада Мешков Брест со 28:24.

Веспрем до финалето стигна благодарение на одличната игра во второто полувреме, откако по првите 30 минути имаше негатив од еден гол (12:13).

Македонскиот репрезентативец во редовите на Веспрем, Дејан Манасков постигна три гола од пет обиди, сите во првото полувреме.

Во второто полуфинале кое е закажано да почне во 20:30 часот играат македонскиот, европскиот и бранителот на трофејот во СЕХА лигата Вардар и ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот