Весна Радусиновиќ ќе ѝ посвети роман на Исидора Бјелица: „Верувам дека и оттаму ќе ми се јави, ќе најде начин како…“

Двете писателки на бестселери, Исидора Бјелица и Весна Радусиновиќ, долги години беа искрени пријателки, но и куми. Пред девет години заедно го објавија одлично продаваниот роман – готвач кој содржи над сто рецепти и кој претставува истовремено и своевиден водич за живот, љубов, хедонизам, пријателство, традиции, изневерени очекувања, исполнети и неисполнети желби, заблуди…

По неодамнешната смрт на Бјелица, нејзината кума, Весна, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук:

-Исидора беше и ќе биде дел од моето битие. Проживеавме цел живот во нашиот сопствен Универзум во кој се спојуваа и преплетуваа љубовта, кавгите, страстите, смеата, тајните, препреките… Додека заедно готвевме, зборувавме за животот, за децата, минливоста, но никогаш за крајот, смртта и конечноста на нашите постоења, пишува Весна Радусиновиќ и продолжува: – Не знам дали ми недостасува, зашто за мене таа е и понатаму тука, на нашата улица, на пар чекори…И воопшто немам идеја дека не можеме да се чуеме секој миг и да ги продожлиме некои од нашите бесконечни вечерни разговори…

Се надевам дека таму веќе ништо нема да ја боли и дека повторно ќе биде насмеана, шеговита, цинична, бескрајно шармантна, баш посебна..

За Радусиновиќ, Исидора не е мртва, туку само заминала на едно од нејзините бескрајни патувања.

– Верувам дека и оттаму ќе успее да ми се јави. Ќе најде таа некој начин како. Се надевам дека таму веќе ништо нема да ја боли и дека повторно ќе биде насмеана, шеговита, цинична, бескрајно шармантна, баш посебна…, пишува Радусиновиќ, и додава дека за Исидора ќе напише роман.

Писателката Весна Радусиновиќ беше наш соговорник во прилогот „Женски печат“ во дневниот весник „Слободен печат“, доколку сте го пропуштиле интервјуто, прочитајте го – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот