„Весна”: Повеќе од 20 активисти уапсени на протестите во Минск

Фото: Viktor Tolochko / Sputnik / Profimedia

Белоруската полиција, на денешниот протест наречен „Соседски марш”, уапси 26 лица, соопштија активистите од Центарот за човекови права „Весна„ на нивната веб-страница на која го објавија и списокот со имињата на уапсените, од кои некои се уапсени во центарот на Минск, а некои на периферијата на гардот, јави Тасс.

Меѓу уапсените е и Дмитриј Крук, член на Координативниот совет на опозицијата, а веста за неговото апсење е објавена на Телеграм.

Министерството за внатрешни работи во Минск се уште не се изјасни за најновите протести, додека само портпаролот на полицијата порача дека сите официјални информации за денешните протсти ќе бидат објавени вечерва.

Учесниците на денешните протести формираа повеќе колони на различни делови од Минск. Полицијата на неколку контролни пунктови апси и приведува демонстранти за да ги спречи да стигнат до центарот на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот