Весна Јаневска со став: Пописот нема да соодветствува со реалноста

Фото: youtube/printscreen

Претстојниот попис нема да ја отслика реалната состојба во Македонија, изјави вечерва Весна Јаневска, првата претседателката на Државната изборна комисија, во гостувањето на ТВ Сител. На функцијата стапи по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, но поднесе оставка кон крајот на септември во 2011 година, на ден пред, тогаш, планираниот попис.

– Пописот треба да соодветствува со реалноста. Ако имаме можност за споредба на податоци од различни дата бази, во тој случај нема потреба за физички попис. Овој хибрид навистина буди сомнеж и воопшто не ми е јасно зошто се случува. Земја која има уставни измени, земја во која има Министерство за политички систем и каде се лицитира со проценти, нема ли елементи од некаква политика во тој попис, рече Јаневска.

Јаневска во 2011 година ја опиша оставката како изнуден потег од колегите од етничките заедници во Комисијата за кои изрази сомнеж дека подготвуваат изборен фалсификат. 

Позицијата на Јаневска ја наследи Слободанка Гиевска по чие раководство почна попишувањето што, сепак, беше прекинато по десет дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот