„Вештачката интелигенција е реалност“, рече премиерката на Данска која употреби „ChatGPT“ за да напише дел од својот говор

Премиерката на Данска Мете Фредериксен го искористи четботот „ЧатГПТ“ за да го напише воведниот дел од својот говор, кој го одржа во парламентот.

Социјалдемократката рече дека сакала да ја истакне важноста на вештачката интелигенција, која веќе е видлива во денешно време. Таа го одржа својот говор денеска за време на дебатите на крајот на данската парламентарна година.

„Она за што е способна вештачката интелигенција е и импресивно и застрашувачко, рече Фредериксен. За само неколку секунди, тој може да напише говор, да реши универзитетска задача или да подготви извештај и тоа да го направи толку убедливо што малкумина би поверувале дека зад тоа стои робот, а не човек“, истакна таа.

„Вештачката интелигенција повеќе не е иднината. Тоа е реалноста“, истакна Фредериксен. Данската премиерка предвидува дека вештачката интелигенција „ќе го промени нашето општество до степен што едноставно сè уште не го разбираме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот