Вештачка интелигенција открила антибиотик против смртоносна бактерија

Фото: Flickr

Алгоритам со вештачка интелигенција им помогнала на научници од Универзитетот Мекмастер и од Технолошкиот институт од Масачусетс (МИТ) да откријат антибиотик за опасна смртоносна бактерија.

Светската здравствена организација ја класификува acinetobacter baumannii како „критична“ и ја вбројува меѓу „приоритетни патогени“, кои се „најголемата закана за здравјето на луѓето“. Бактеријата, според СЗО, има вградени способности да се прилагодува на разни третмани и тоа го пренесува во своето генетско наследство.

На најголема закана се изложени пациенти што користат апарати за дишење и катетери во болници и центри за згрижување, како и лица на кои не им заздравиле рани од операција. Нејзиното откривање е тешко, бидејќи нема симптоми за заразата, а последиците може да бидат фатални.

Истражувачите објаснија дека обучен модел на вештачка интелигенција им помогнала да анализираат 6.680 нови можни состојки на антибиотик, од кои 240 биле издвоени заради лабораториски испитувања и конечно биле идентификувани девет потенцијални антибиотици. ќ

Од нив е издвоен „абауцин“, кој во лабораториски тестирања на глувци се покажал како најефикасен во борба против бактеријата.

– Методите со вештачка интелигенција ни овозоможуваат значително да ги прошириме истражувањата и да откриваме нови антибиотици, при што и процесот е многу поевтин. Отворена е важна авенија за истражување нови антибиотици – изјави Џонатан Стоукс од Одделението за биомедицина и биохемија на Универзитетот Мекмастер, еден од авторите на студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот