Весели: ИВЗ своето раководство ќе го избере сама

Фото: Слободен Печат

Муамер Весели од седиштето на ИВЗ денеска соопшто дека тие сами ќе си го избираат своето раководство.

 – Сулејман Реџепи е легален поглавар на ИВЗ. Освен ИВЗ другите институции немаат право да одлучуваат за внатрешните работи на оваа институција. ИВЗ е самостојна и автономна институција која сама ги носи своите одлуки и сама го бира своето раководство. Ниту основниот суд ниту било која друга институција нема право да ни каже или да одлучи кој ќе биде Реис Ул-Улема на Исламската Верска Заедница. Судот ако сака нека одлучи за МПЦ. ИВЗ своето раководство ќе го избере сама – изјави Весели.
Тој истакна и дека медиумите ќе бидат известени кога ќе биде одржана следната седница.
Во моментот се одржува и седницата на ријасетот на исламската верска заедница во факултетот за исламски науки во Кондово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот