Весели: Битката за Косово во Хаг ќе биде триумфална

Претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели изјави дека неговата битка, која ќе ја води заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи во Хаг, ќе биде триумфална.

Тој на Фејсбук напиша дека Косово ќе излезе како победник од таа битка, затоа што, како што рече, војната на т.н. ОВК била праведна.

„Оваа битка за Косово ќе биде триумфална, во која повторно ќе бидам со мојот брат во војната, Хашим Тачи. Затоа што нашата ослободителна војна исто така беше исправна и триумфална. Сонцето повторно ќе изгрее”, напиша Весели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот