Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници, вели министерот Шаќири

Училница во објектот на тетовската гимназија во кој се посетува настава на македонски јазик / фото: ТВ Телма/принтскрин

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат.

„Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на националниот совет за учебници основан во јануари-февруари направен е јавен повик за пријавување на автори“, рече Шаќири одговарајќи на пратеничко прашање на денешната пленарна седница.

Тој информира дека од последната комуникација што ја имал со Националниот совет, сите книги што се прифатени, се упатуваат во Бирото за образование и министерот нагласува дека потоа се чека мислење од рецензентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот