ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Во паркиран автомобил измерени 81°C

profimedia

Во Загреб кој пред неколку дена беше зафатен од топлотен бран во паркиран автомобил на сонце бил измерен верувале или не 81 Целзиусов степен, изјавија од Одделението за заштита на јавното здравјето на населението, од каде порачаа дека во блиска иднина ќе биде изработен и термометар кој со сигнали ќе предупредува на прекумерната температура во возилата.

Исто така ќе направат и анализа за можните штетни влијанија на високите температури на материјалите вградени во внатрешноста на автомобилот со цел да се избегнат испарувања, експлозии или палење.

Како што наведоа потребна е информираност на населението околу безбедноста за изложување на сонце во склад со климатските промени.

Никојпат немојте веднаш да влегувате во вашиот автомобил кој бил паркиран на сонце, најпрвин отворете ги вратите почекајте жешкиот воздух да излезе и вклучете го системот за разладување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот