Верувале или не: Играч на Јунајтед не знае против кој игра! (ФОТО)

twitter.com/UnitedsUpdate

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во минатото коло славеа во градското дерби против Сити на гостински терен со 2:1 и на тој начин некако ја вратија добрата атмосфера и кај навивачите за неколку претходни лоши партии сезонава.

„Црвените ѓаволи“ во текот на оваа седмица во шестото коло од Лига Европа дома го совладаа холандскиот АЗ Алкмаар со 4:0 и така го обезбедија првото место во групата пред ждрепката за 1/16 финалето в понеделник.

Сите овие мечеви се зад нив, а денеска на распоредот е нов од 15.00 часот во Премиер лигата кога на „Олд Трафорд“ гостува Евертон.

фото:твитер

Но, доколку сте фан, односно го следите Андреа Переира, Јунајтед денеска гостува кај составот на Ватфорд.

Бразилецот на својот „Твитер“ профил го најави мечот од 17. коло на кој најавува натпревар, но не против Евертон.

Ова предизвика вистинска комедија, лавина коментари, навивачите не можат да поверуваат дека може да се направи ваков „гаф“.

Свесни дека и сезонава резултатите не се баш најдобри, дека титулата е можеби веќе „загубена“, заостануваат дури 25 бодови зад лидерот Ливерпул.

Неговата последна објава стои веќе три часа, можеби треба некој да му каже дека не игра против Ватфорд кој својот меч ова коло веќе го имаше во саботата кога загуби од Ливерпул (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот