Верстапен во Абу Даби би можел да го изедначи рекордот на Сена и на Хамилтон
Холанѓанецот веќе ја обезбеди титулата во Формула 1, но на последната трка во календарот за 2024 година, може да достигне еден многу редок рекорд
Макс Верстапен веќе ја осигура титулата во Формула 1 сезонава, а во последната трка во календарот, за Големата награда на Абу Даби, би можел да изедначи еден редок рекорд што досега го постигнале само Бразилецот Аиртон Сена и Британецот Луис Хамилтон.
Трката во Абу Даби се вози претстојниов викенд, а Верстапен ќе се обиде да победи петти пат во низа на таа патека.
Таков резултат, победа на некоја трка пет пати во низа, досега во историјата на Формула 1 постигнале само на Сена, кој победуваше пет пати на Големата награда на Монако (1989-1993) и на Хамилтон, кој го стори тоа на Големата награда на Шпанија (2017-2021).
Верстапен, возач на Ред Бул, ја осигура својата четврта титула во низа на трката во Лас Вегас.
Се очекува трката за Големата награда на Абу Даби да биде трилер овој викенд, затоа што Мекларен и Ферари ќе се борат за титулата во шампионатот за конструктори.
Во моментов води Мекларен со 640 бода, но Ферари кој има 619 бода, може да го престигне.
Трката почнува в недела во 14 часот по македонско време.