
Верстапен објаснува што е најбитно: Не е до автомобилот, туку до возењето
Актуелниот шампион ги откри целите за претстојната сезона во Формула 1
Возачот на Ред бул и актуелен шампион Макс Верстапен се надева дека сезонава ќе ја освои својата петта титула во конкуренција на возачи во низа. Тој ги именуваше своите цели за претстојната сезона.
Препорачано
Само еднаш е остварено во Формула 1 претходно, но за сезонава Верстапен се надева дека ќе ја повтори историјата и ќе стане вториот возач кој освоил пет светски титули по ред, по Михаел Шумахер. Германецот беше крунисан за шампион во секоја сезона од 2000 до 2004 година.
Се разбира, автомобилот што му е даден на возачот е многу важен. Сепак, пред претсезонското тестирање или првото гран-при, рангирањето на способностите на автомобилите останува непознато. Затоа, Верстапен има цели во однос на подобрување на неговите возачки способности.
– Секогаш се трудам да остварувам постојаност и да не правам премногу грешки. Не се работи за автомобилот, туку за возењето. Целта ми е да бидам подобар секоја година – додава Макс.
Холанѓанецот е свесен и дека годините го земаат својот данок:
– Мислам дека во оваа фаза од мојата кариера, подобрувањата што можам да ги направам се помали отколку кога имав 18 години, но секоја година можам да станувам подобар – заклучува Верстапен.
Сезоната започнува во Австралија на 16 март.