Верстапен и Перез како рогови во вреќа, Ред бул треба да реагира

EPA-EFE/Ali Haider

Иако двајцата возачи на Ред бул забележаа еден-два победа во Саудиска Арабија, во овој Ф1-тим нема насмевки затоа што кај Макс Верстапен и Серхио Перез има заемна нетрпеливост, поради настаните на патеката

Понекогаш успехот носи и проблеми. Тимот на Ред бул имаше одличен старт на сезоната во Формула 1, забележа две еден-два победи во првите две трки сезонава.

Но, во тимот нема многу насмевки. Двајцата возачи, Макс Вестапен и Серхио Перез се конфронтирани по настаните на втората трка, за ГН на Саудиска Арабија.

Актулениот првак Макс Верстапен е фрустриран што мораше да се задоволи со второто место во Џеда, а Перез е лут што во ситуација кога тој водеше, Холанѓанецот го извози најбрзиот круг и со тоа доби екстра-поен. Пред тоа Перез го имаше најбрзиот круг, па нему му избега тој екстра-поен.

Со тој екстра-поен сега прв во генерален пласман е Верстапен со еден поен предност пред Мексиканецот.

– Најбрзиот круг на Верстапен, што го постигна во последниот круг, повторно ќе доведе до внатрешни дискусии. Серхио Перез нема да биде среќен кога во иднина ќе мора да му дава поддршка на Верстапен. Сигурен сум во тоа, бидејќи Мексиканецот ја гледа својата шанса да се бори за титулата со Верстапен. Ова ќе доведе до борба меѓу двајцата. Можеме да очекуваме дека ќе има „триење“ – изјави Тимо Глок, некогашен Ф1 возач, за Скај-спортс.

Во ситуација кога Мерцедес, Ферари и Астон Мартин не се конкурентни во однос на Ред бул, најголемото ривалство сезонава можеби ќе биде помеѓу Перез и Верстапен. Ако Ред бул не ги смири страстите кај двајцата, нетрпеливоста може да му штети на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот