Верстапен гневен на Фетел и на возачите на Рено

EPA-EFE/WU HONG

Макс Верстапен не можеше да го сокрие бесот од неспортскиот потег на возачот на Ферари, Себастијан Фетел и двоецот од Рено, Даниел Рикиардо и Нико Хулкенберг во завршницата од денешните официјални квалификации на кои пол поизцијата му припадна на Валери Ботас од Мерцедес.

„Ова е е*ено сра*е. Тоа се такви дебили најискрено. Сите се наредивме, а потоа тие се е*ено упропастија. Се обидуваш кој сите да бидеш добар, а сите тие потоа сè ќе упропастат“, беа зборовите на Верстапен преку тимското-радио.

Гневот на Верстапен се должи на тоа што пред пред завршниот круг од квалификациите, кога тој излезе прв од боксот но конкурентите не го почитуваа кодексот на однесување и го претекнаа во летечкиот круг.

Возачот на Ред Бул на новинарите им посочи дека ривалите направиле грешка, видно вознемирен што не се нашол во битката за највисоките позиции на квалификациите.

– Го имаме тој договор да го почитуваме кога ќе се излезе на патеката да се внимава на распоредот. Сè одеше како што треба и потоа Ветел ме претрка, па потоа и двата болиди на Рено. Ми зафркнаа сè, целата подготовка за последниот круг. Сега сè се менува, јас ќе ги е*ам секој пат“, изјави Вестапен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот