„Веројатно ќе има познати нови случаи”, предупредува француската министерка за здравство Ањес Бузин

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во Париз скоро е невозможно да се најдат заштитни маски во аптеките, кои повторно ќе бидат снабдени во вторник.

Трите потврдени случаи на заболени со коронавирус во Франција се уште се под надзор, изјави министерката за здравство Ањес Бузин, која сакаше да ги осигура Французите за  стапката на смртност на вирусот, јавува дописникот на МИА.

Министерот за здравство Ањес Бузин за време на интервјуто за Гранд-жири РТЛ-ЛЦИ-Ле Фигаро изјави дека епидемијата на вирусот од Кина веројатно ќе се шири во наредните денови.

-Веројатно ќе бидат познати нови случаи, можно е во секој случај. Оваа епизода најверојатно ќе се прошири во наредните денови и недели, рече таа.

Таа осигурува дека засега се откриени и докажани само три случаи во Франција.

-Тројцата пациенти остануваат под надзор, во изолација, добро се, чекаме да бидат излечени за да ги пуштиме од болниците каде што се лекуваат, додаде министерот. Десетина лица се тестираат, рече таа, додавајќи дека би можела да пријави нови случаи ако тестовите се позитивни.

Сепак, министерот сакаше да се увери во врска со смртноста од вирусот, „позаразен, но помалку сериозен од она од што се плашевме на почетокот”, потврдувајќи ја пониската стапка на смртност од СРАС вирусот.

-Лицата кои умираат се луѓе кои се изнемоштени или стари лица, рече таа.

Тоа го потврди „веројатното” постоење на асимптоматски случаи, некои пациенти кои не покажуваат симптоми, но сепак може да ги заразат другите луѓе.

Доколку бројот на откриени случаи се зголеми „експоненцијално”, поминувајќи од 200 на почетокот на седмицата до 2000 денес, Ањес Бузин сепак остана претпазлива во заклучоците што треба да се извлечат од ова зголемување на заболените. Верува дека е можно ова зголемување делумно да се должи на подобро откривање на вирусот од кинеските власти. Таа понатаму потсети дека „во ниту една земја досега немавме случаи освен лица кои доаѓаат  од Кина”.

На прашањето за евентуално потценување на ризикот од увоз на вирусот на почетокот од оваа недела, министерот се бранеше, тврдејќи дека нејзините зборови ги рефлектираат само најавите на СЗО и дека меѓународното тело ја проценува ситуацијата. „Ден на ден”.

-Ние управуваме со криза што се разви за една недела, ние се прилагодуваме, продолжи таа, истакнувајќи дека „Франција не чека на препораките на СЗО за да дејствува “.

Таа, го бранеше изборот да не се инсталираат термални врати на аеродромите, претпочитајќи медицински тимови кои ги известуваат патниците при нивното пристигнување. Министерот го опиша како „лажна безбедност” што „му се допаѓа на населението”, но кое „е бескорисно”, ако фактот кога систематски се зема температурата на патниците, овој индикатор не дозволува да се процени дали некое лице е болно. Што се однесува до идејата за забрана на летови од Кина, таа потсети дека овој вид на одлука требаше да биде усогласен на меѓународно ниво и нема да биде ефективна доколку се донесе еднострано од Франција.

 Ањес Бузин беше задоволна од почитувањето на упатствата издадени од нејзиното министерство, истакнувајќи дека ургентните служби  не бележат пораст на пристигнувањата, загрижените лица што се враќале од Кина се обраќаат по препорака до центрите 15.

За вечерва е предвидена средба со премиерот Едуард Филип во Матињон, за да се процени ситуацијата.

Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, објави во неделата на 26 јануари на Европа 1 дека планираната кинеска новогодишна парада во Париз е откажана.

-Кинеската заедница во Париз сакаше да ја откаже парадата планирана за ова попладне на Плас де ла Републик. Здруженијата немаа срце за забава , рече Ана Хидалго.

Во Париз скоро е невозможно да се најдат заштитни маски во аптеките, кои повторно ќе бидат снабдени во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот