23.8 C
Скопје

Верниците во Албанија го дочекаа Велигден дома, центарот на Тирана украсен со големи велигденски јајца

Верниците од православна вероисповед во Албанија, Хрстовото воскресение го дочекаа во своте домови.

Поради полицскиот час (од 22 до 6 часот),  верниците синоќа не ги посетија божјите храмови. Во ниту една црква во земјата на полноќ немаше богослужба на која по традиција се објавува Хрстовото воскресение.

Затоа, пак, Централната богослужба за Света и Велика Пасха, која вообичаено се одржува на полноќ во црквата „Христово воскресение ” во Тирана, како и во сите други цркви, се одржа денеска наутро.

Богослужба денеска имаше и во црквата „Свети Архангел Михаил” во Пустец, која ја одржа отец Алексо Темелко со строго почитување на мерките за заштита.

Велигденска атмосфера се чувствува во сите делови на земјата, а на плоштадот „Скендербег” во центарот на Тирана поставени се големи велигденски јајца во разни бои.

Честитки по повод Велигден до поглаварот на албанската афтокефална православна црква Анастас Јанулатос и до сите верници упати државниот врв, лидери на полтички партии, како и македонското друштво „Илинден

Поврзани вести

Трошка надеж за подобри односи на суперсилите во иднина

Слободен печат

ВИДЕО l Масовна тепачка во украинскиот Парламент: Се скараа пратениците од владејачката и опозициската партија

Слободен печат

Саливан: Бајден и Ердоган не се договорија за руските противвоздушни ракетни системи С-400

Слободен печат

Разни соеви на ковид-19 галопирачки се шират во Африка

Слободен печат

Македонците ќе можат слободно да патуваат во Германија: Границите ќе бидат отворени за вакцинираните лица

Слободен печат

Маричиќ: Хрватска ја подджува земјава во стартот на преговорите за членство во ЕУ

Слободен Печат

Остави Коментар