Верниците од Дебар на Божиќ се собраа на литургија во црквата „Света Петка“

ФОТО: МИА

По повод Христовото раѓање во црквата „Света Петка“ во Дебар, пред поголем број верници, беше одржана света божествена литургија.

По божествената литургија, беше прочитано Божиќното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, а верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

По повод Христовото раѓање – Божик, честитки до православните верници упатија градоначалниците на општините Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

– Нека и овој празник биде одбележан во хармонија и заедно со сограѓаните, како што тоа е со векови на овие простори, стои во честитката од градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Во свое и во име на Советот на општината и администрацијата на општина Маврово и Ростуше, градоначалникот Медат Куртовски на сите православни верници им ги честита Божиќните празници со желби за многу здравје, среќа, љубов, хармонија и верба.

– Во духот на љубовта кон човештвото, да се упатиме кон правдата и вистината, да понудиме помош на сите на кои им е потребна. Нека во срцата се всели духовен мир и спокој, радост и разбирање, вели Куртовски во честитката.

И градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим посака Божиќните празници верниците да ги минат во радосна атмосфера со желби за добро здравје, среќа, бериќет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот