Вернер нема дилема: Клоп е најдобар тренер во светот

twitter/UEFA EURO 2020

Фудбалерот на Лајпциг не крие каде би сакал да игра во иднина.

Германскиот репрезентативец, Тимо Вернер, не ја крие желбата идното лето да го напушти Лајпциг и да се пресели во Ливерпул.

Одличниот напаѓач на Лајпциг се поврзува со трансфер во многу екипи, интересот за него е огромен, но најголема желба на Вернер е да се пресели во Ливерпул.

– Јирген Клоп е најдобар тренер во светот. Мислам дека одлично би се вклопил во неговиот систем на игра – изјави Вернер.

Се очекува дека Лајпциг за неговите услуги ќе бара околу 70 милиони евра, а Ливерпул и Клоп најавија дека на лето ќе достават и официјална понуда.
Тимо Вернер оваа сезона одигра 33 натпревари за Лајпциг на кои постигна 27 гола и запиша 11 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот