Вернер „горд“ што се поврзува со трансфер во Ливерпул

фото: твитер

Германскиот репрезентативец беше најзаслужен за триумфот на Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ против Тотенхем на гостински терен.

Напаѓачот на Лајпциг верува дека Ливерпул е „најдобриот клуб на светот“ и вели дека е „многу горд“ што се поврзува со преселба во Премиер лигата.

Германскиот репрезентативец беше најзаслужен за триумфот на Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ против Тотенхем на гостински терен.

„Билд“ минатиот месец објави информации дека „Енфилд“ би била одлична дестинација за Вернер доколку се одлучи да се пресели во најквалитетната англиска фудбалска лига, иако подоцна „Скај Спортс Њуз“ информираше дека Редси не планираат во овој момент да направат таков потег.

– Знам дека Ливерпул е најдобриот клуб на светот во овој момент. Кога се поврзувате со тавко клуб, тоа ве прави горд – рече Вернер за норвешкиот ТВ канал „Виаспорт“, а потоа додаде:

– Задоволство е, но знам дека Ливерпул има многу добри играчи и морам да се подобрам, да научам многу повеќе работи за да бидам на ова ниво, за да играм таму.

Вернер кој има 23 години ја започна кариерата во Штутгарт, а од 2016 година досега има 116 натпревари и 70 голови за Лајпциг, а за германската репрезентација има 29 мечеви и 11 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот