Вернер ги одби Јунајтед и Барса, го чекаат Ливерпул и Клоп!? (ФОТО)

фото: твитер

Играчот на Лајпциг, Тимо Вернер наскоро би можел да ја промени средината, станува збор за еден од најпосакуваните фудбалери во Европа.

Често се шпекулира околу каде би можел да ја продолжи професионалната кариера, а информациите велат дека Германецот има желба да се пресели на „Енфилд“, поточно во редовите на Ливерпул.

Како што пишува „Атлетик“, Тимо Вернер веќе ги одби понудите на Манчестер јунајтед и Барселона со цел да направи трансфер во европскиот шампион.

Играчот на Лајпциг, Тимо Вернер наскоро би можел да ја промени средината, станува збор за еден од најпосакуваните фудбалери во Европа.

Интересот постои од „црвените“, но сеуште нема никаква официјална понуда за 23-годишниот германски напаѓач кој кариерата ја започна во Штутгарт.

Досега во дресот на Лајпциг од 2016 година има учинок од 71 гол во 116 одиграни натпревари.

Сака да тренира со менаџерот на Редси, Јирген Клоп, во неговиот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра што не е претерано голем трошок за екипа која веројатно наскоро ќе ја освои титулата во Премиер лигата.

Ливерпул веќе размислува за наредната сезона во која еден период ќе биде без напаѓач во текот на зимата кога Садио Мане и Мохамед Салах ќе бидат на Африканскиот куп на нации, па Вернер би бил идеална опција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот