Вернер донесе одлука, за него постојат само два клуба

твитер

Најбараниот напаѓач во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде германскиот репрезентативец Тимо Вернер за кого се „тепаат“ сите европски гиганти, од Милан, Интер, преку Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн, па се до англиските Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал.

Германецот е сон на секој фудбалски гигант не само поради квалитетот туку и поради цената на обесштетувањето која изнесува 60 милиони евра, што е малку за играч од негов калибар.

Влијателниот Атлетик јавува дека Вернер одлучи дека ова лето ќе си замине од Лајпциг само доколку пристигне понуда од Ливерпул.

Тој јасно им стави до знаење дека сите дека сака да соработува со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој во неколку наврати веќе разговараше со напаѓачот по што на својот агент му соопшшти дека не го интересира ниту една друга екипа, освен Ливерпул.

Поради тоа беа одбиени понудите од Баерн Минхен и Челси, а доколку ова лето биде спречен да се пресели на „Енфилд“ тогаш Вернер ќе остане во Лајпциг и наредната сезона.

Ваквото сценарио највеќе го загрижува токму Лајпциг кој доколку го задржи Вернер и наредната сезона тогаш во 2021 година откупната клаузула ќе се намали на 40 милиони евра.

Поради тоа германскиот тим бара што поскоро да започнат преговорите со Ливерпул, па дури е подготвен и да ја намали бараната сума од 60 милиони евра за пет милиони за да го договори трансферот уште ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот