Верижен судир во близина на Поликлиника Пролет (ФОТО)

Фото: Слободен печат

На лице место може да се забележи само материјална штета на возила, додека возачите не се видно повредени.

Пред околу половина час на булеварот „Трета македонска бригада“ во непосредна близина на поликлиниката Пролет дошло до верижен судир во кој учествувале три возила.

На лице место може да се забележи само материјална штета на возила, додека возачите не се видно повредени.

Фото: Слободен печат

Екипа на ЕВР Скопје со полициско возило го озбезбедува теренот за поголема безбедност на другите учесници во соообрачајот, па поради тоа сообраќајот кон населбата Лисиче се одвива отежнато.

Во моментов пристигна увидна екипа, која ќе врши увид на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот