Вереникот ја оставил пред олтарот, таа продолжила да слави: Денот го поминав со семејството

Кејли Стед
Кејли Стед / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Невеста од Велс била подготвена да му каже „да“ на својот вереник пред олтарот, но се случило нешто неочекувано.

Кејли Стед била во врска четири години пред таа и нејзиниот свршеник Калум да решат да се венчаат. Тие се договориле ноќта пред свадбата да бидат разделени и да не се слушаат, па 27-годишната Кејли до последен момент била убедена дека сè е во ред. Меѓутоа, пред самата церемонија дознала дека нејзиниот 24-годишен вереник побегнал и се откажал од венчавката.

Кејли Стед
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Немала поим дека нејзиниот вереник ќе побегне

Таа за „Daily Mail“ откри дека немало знаци дека Калум ќе ја остави на денот на нивната венчавка.

„Го планиравме нашиот меден месец и минатиот Божиќ ми подари рачно испишан албум со спомени и причини зошто ме сака. Навистина не знам зошто го направи тоа, но сега веќе не е ни важно“, изјави таа.

Кејли се подготвувала за венчавката уште од раните утрински часови, а нејзините деверици дознале дека младоженецот нема да се појави.

„Кога дознав, бев во целосен шок, целата шминка ми беше размачкана и не можев да ги задржам солзите. Фотографот ме праша зошто и покрај сè не поминам убав ден со семејството и пријателите и тогаш решив дека веселбата ќе се случи“, рече таа.

Кејли Стед
Кејли Стед со нејзините деверици / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Таа продолжила со венчавката без младоженецот

Токму тоа и го направила Кејли. Ја поправила шминката, ја облекла венчаницата и отишла да слави без вереникот бидејќи, како што вели, „не сакала тажен ден“.

„Моите деверици, моето семејство и моите пријатели останаа покрај мене. Ми беше многу важно овој ден да го поминам со моите родители кои веќе се стари и отсекогаш се плашев дека можеби нема да можат да присуствуваат на мојата свадба. Танцував со татко ми, а моите пријатели беа покрај мене цело време“, изјави таа.

Иако не се омажила, се фотографирала во венчаницата, танцувала, одржала говор и уживала. Таа не сакала целиот труд и пари да пропаднат залудно. По венчавката, нејзините пријатели започнаа кампања „GoFundMe“ за да ѝпомогнат да ги покрие трошоците за свадбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот