Веренички или не? Сите зборуваат за прстенот на Гвен Стефани (ФОТО)

Profimedia

Гвен Стефани беше една од главните ѕвезди на настанот „People’s Choice Awards“, кој се одржа во неделата и на кој пејачката ја понесе титулата „модна икона“. Стефани носеше креација на Вера Вонг – фустан со боја на слонова коска со црна машна на грбот, потоа мрежести хулахопки и црни чизми над колена.

Profimedia

Но и покрај совршениот фустан креиран специјално за оваа прилика, вниманието го украде големиот дијамантски прстен што го носеше на раката и поради кој почнаа да се шират гласини дека пејачката се верила со својот избраник Блејк Фелтон. Гвен за медиумите открила за што станува збор.

Profimedia
Profimedia

„Тој ретко се појавува на вакви настани. Мислам дека досега само трипати заедно сме прошетале по црвениот тепих. Што се однесува до прстенот, дијамантски е, ама не е веренички“, открила Стефани.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот