20.8 C
Скопје

Вербален дуел меѓу Вучиќ и Османи: Ако другите се срамат да ви кажат, еве јас ќе ви кажам – Србија не сака да ве викаме држава

Вербалниот конфликт меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, претседател на Косово, го одбележа првиот пленарен состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на процесот Брдо-Бриони, што се одржа денес на Брдо кај Крањ.

– Обидете се да постигнете договор, компромис и фактот дека ќе и се заканите на мечката со судски процеси, што би се рекло кај нашиот народ – ѝ рече Вучиќ на Вјоса Османи за време на напнатиот дијалог.

Османи прво протестираше затоа што во заедничкиот документ, кој требаше да биде усвоен, не се споменува поимот држави, а потоа ја обвини Србија за „уништување на независноста на Косово“ со идејата за промена на границите.

Вучиќ одговори дека Србија „не се согласува да ве нарекуваме држава – еве јас да ви кажам, ако другите се срамат да ви кажат“.

– Што се однесува до промената на границите, вие ги промените со отцепување делови од територијата на суверена држава. Не бевте примени ниту во ООН. Ние баравме да нема промена на границите, но на оние земји кои се правно и меѓународно признаени. А не принципот кога Србија се дели тогаш може, кога некој друг ќе праша тогаш не може – одговори Вучиќ.

Османи повторно ја обвини Србија за геноцид врз косовските Албанци за време на конфликтот во Косово и ширење на „малигни влијанија врз Косово“, а потоа побара да се започне процесот за исчезнатите лица. Вучиќ одговори дека „не смееме ниту да кажеме колку српски семејства бараат правда“.

– Реков на состанокот со европските институции дека вие посочувате на кое било место во Србија, затоа што сметаме дека Косово е Србија, како и во централна Србија, каде се наоѓа било кое место каде е можно да се исчезнатите, веднаш ќе ископаме. Но албанската страна брутално се спротивстави на нашата идеја зошто тоа би значело дека и ние можеме да покажеме места, како на пример во Ѓаковица. Затоа што се плашите да ги отворите, се плашите што може да најдете таму, рече Вучиќ.

Вучиќ ја обвини Вјоса Османи дека испратила порака за правда и геноцид дека не сака компромис и дијалог, бидејќи се надева дека Белград ќе се исплаши од закани.

– Па, нема да има ништо од тоа. Малигни влијанија, а тоа е првиот збор што ќе го научите на англиски јазик, имаат оние што сакаа да ги уништат суверените држави. Обидете се да постигнете договор, компромис и фактот дека ќе и се заканувате на мечка со судски процеси, што би се рекло кај нашиот народ – рече Вучиќ.

На состанокот зад затворени врати денеска во Брдо кај Крањ присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, албанскиот претседател Илир Мета, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, членовите на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Сефик Заферовиќ, македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Косово Вјоса Османи.

Декларација на лидерите од Западен Балкан: Итен почеток на преговори со Скопје и Тирана

Декларација на лидерите од Западен Балкан: Итен почеток на преговори со Скопје и Тирана

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар