„VentilatorChallengeUK“ престанува со производство на респиратори

Конзорциумот беше основан на доброволна основа и успеа двојно да ги зголеми залихите на респираторни машини во земјата.

Британскиот конзорциум кој со основа група на воздухопловни, автомобилски и инженерски компании, со цел производство на респиратори за здравствената служба на земјата, соопшти дека завршува со производството откако испорача повеќе од 13,000 уреди.

Со нивна помош сега повеќе од двојно се зголемиле залихите со респиратори достапни за употреба на Националната здравствена служба.

Конзорциумот, кој беше основан на непрофитна основа со помош на компании како што се Форд, Мекларен, Ролс-Ројс и Ербас, соопшти дека во мај го зголемил производството во случај на втор бран на зараза.

– Помогнавме да се обезбеди потребниот број респиратори и задоволни сме што придонесовме за создавање отпорни залихи во случај на потреба за респиратори во иднина, рече претседателот на VentilatorChallengeUK, Дик Елси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот