Венко Филипче смирено порача: Од коронавирусот има многу излечени пациенти во светот и тоа е одлично!

„Слободен печат“ денеска го праша министерот за здравство Венко Филипче, дали може да се каже, што во овие три случаи го победило вирусот и кои се заедничките карактеристики на пациентите што се излекувале.

Во Македонија има тројца пациенти кои се излекувани од коронавирусот, по што тие се испишани од Инфективната клиника и испратени на домашно лекување.

„Слободен печат“ денеска го праша министерот за здравство Венко Филипче, дали може да се каже, што во овие три случаи го победило вирусот и кои се заедничките карактеристики на пациентите што се излекувале.

-Одлично е прашањето, заради тоа што некако на ова не ставаме фокус, и нормално е, луѓето и граѓаните се исплашени, поради мерките на домашна самоизолација. Но, од оваа болест има огромен број на луѓе во светот кои се репортирани како излечени пациенти. Тоа е одлична работа. Втората одлична работа, е што огромен процент од пациентите имаат лесна клиничка слика, па и кај нас, на домашно лекување се, нема потреба од хоспитализација. Дури и огромен број од пациентите кои се на Инфективната клиника имаат лесна клиничка слика, објасни министерот.

Тој додаде дека докторите и целокупниот медицински персонал се целосно посветени.

-Еве, сега е дадена и целата терапија, од која има добри искуства во многу земји од светот. Навистина има мал процент на пациенти во светски рамки, на кои им е потребно интензивно лекување во смисла на респираторна поддршка, посочи Филипче.

Иако може да се идентификува дека повозрасните граѓани и оние со коморбидитети, односно претходни болести се поризични, сепак ни тоа не е правило кога станува збор за коронавирусот.

-Дали може да се идентификува група на пациенти која е поризична или не е ризична? Да, и тоа врз основа на претходни болести и на возраста. Но, ни тоа не е правило, како што се докажало до сега. Затоа, на сите пациенти им се пристапува максимално сериозно и професионално, користејќи ги сите светски искуства и искрено се надевам дека нема да има значајно зголемен број на пациенти со крива на раст која ќе биде многу остра, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот