Венко Филипче: Не сретнавме случај, мајката родилка да го пренесе коронавирусот на бебето

Како коронавирусот ги афектира новороденчињата и дали е често новороденчињата да се заразуваат со Ковид 19, го праша Слободен печат министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Иницијалните информации се дека навистина многу мал процент, практично ние не сретнавме ниеден случај на вертикален пренос од мајката родилка на бебето. И како процент на заболени од вкупно заболените во светот, тоа што можевме да го видиме и во кое што имавме увид вчера, е дека има многу мал број Ковид позитивни трудници, рече Филипче.

Тој додаде дека сепак, за многу специфични работи и во светот нема доволен број информации, па затоа, кога за некоја проблематика нема доволно публикации или не се знае доволно, тогаш се консултира стручната литература во рамките на стручниот колегиум на одредена клиника.

Прочитајте и...  Семејство по 92 години „владеење" ја изгуби власта во француската општина Бозак

Но, на секоја бремена жена, на која и е дојден терминот за раѓање, или има потреба од итно породување, тогаш кога има позитивна епидемиолошка анкета, тогаш кога има симптоми, и се пристапува според протоколот на гинеколошко акушерската клиника. Апелирам сите пациенти да ги кажуваат точните информации, посочи министерот.

Утринава Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, информираше дека 27 годишна жена од Куманово, позитивна на коронавирусот се породила во Скопје и на свет донела машко бебе, за кое што резултатите за ковид 19 се очекуваат во текот на денешниот ден. По породувањето, на мајката и се влошила здравствената состојба и морала да биде пренесена на Инфективната клиника.

Прочитај повеќе

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат

Мјанмар првиот извештај за заштитата на Рохинџите го поднесе до Судот на ОН

Слободен печат

Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Слободен печат

Социјалната дистанца во авионот донесува поскапи карти?

Слободен печат

Семејство по 92 години „владеење” ја изгуби власта во француската општина Бозак

МИА Агенција

Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Слободен печат

Вака Американците се „дистанцираа“ викендов, среде пандемијата (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО привремено го прекина испитувањето на лекот хидроксиклорокин во лекувањето на коронавирусот

Слободен печат

Демант од проректори на УКИМ до ректорот Јанкуловски

Слободен печат

Мицкоски: Август и септември најдобар период за одржување на избори, тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните

Слободен печат

Џо Бајден се појави во јавност првпат по два месеца

Слободен печат