Венко Филипче најави дека нашите пациенти со Ковид 19, ќе се лекуваат со крвна плазма од излекуваните!

Крвната плазма од веќе излекуваните пациенти со Ковид 19, кога ќе им се даде на заразените, се покажала како успешен метод на лекување во повеќе светски научни студии.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција одговори потврдно на прашањето на Слободен печат дали и во нашата земја ќе почне да се применува оваа метода, со оглед на нејзината докажана ефикасност во светски рамки.

Раководството на Институтот за трансфузиологија веќе дал потврден одговор, дека може да се спреми системот за крвната плазма од излекуваните 20 пациенти во Македонија, да се оддели и да им се даде на заразените со коронавирус.

-Станува збор за неколку публикувани случаи дека антителата може да помогнат да се излекуваат заразените пациенти. И тоа со плазма од ковалесценти кои може да ја дадат плазмата. И ние започнавме припреми на Институтот за трансфузиологија. Веќе се изготвува протоколот по кој што би требало да се земе плазмата кај овие пациенти кои што се излекувани во соодветна фаза, во соодветен период. Тој протокол ќе биде спремен во понеделник ќе се дискутира на стручниот колегиум во институтот, потоа во рамките на експертската група во Комисијата за заразни болести и согласно резултатите кои се публикувани, ќе се даде на наши пациенти. Во меѓувреме разговаравме со раководството на Институтот за трансфузиологија дали може тоа да се направи кај нас, дали може да се воведе тоа. Рекоа дека може да се спреми системот за да се оддели плазмата на овој начин, рече Филипче.

Пред неколку дена Американската агенција за храна и лекови официјално ја одобри употребата на крвната плазма од веќе излекуваните пациенти од Ковид 19 како третман за инфицираните од вирусот кои се во критична состојба. Секако, ова ќе се случува по индивидуална одлука на докторот, инфектолог кој непосредно го следи случајот на критичниот пациент. Ваквиот метод е користен и во минатото и тоа за епидемии со полио, сипаници, заушки и некои епидемии со вируси кои предизвикуваат респираторни инфекции. Крвната плазма е жолтата течност што е дел од крвта и содржи суспендирани крвни клетки. Таа кај луѓето кои веќе се опоравиле, би требало да содржи поголема содржина на антитела кои имаат висока специфичност кон новиот коронавирус.

Ова пак, би требало да стимулира борба со короната која би била со прилично висока ефикасност. И кинеска студија потврдува дека има позитивен ефект од крвната плазма на веќе излекуваните пациенти, во третманот на критично болните од Ковид 19. Донорот и примателот мора да бидат имаат ист тип на крвна група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот