Венко Андоновски по десет години објавува нов роман

Венко Андоновски

Eдно од најголемите имиња на македонската книжевна сцена, авторот и професор Венко Андоновски има нов роман, „Папокот на светлината“.

Десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои речиси сите значајни книжевни награди (Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“), Андоновски се враќа на сцената со нов роман кој се надоврзува (но не е продолжение) на „Папокот на светот“.

Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот.

Според издавачот „Три“, овој роман претставува нов клуч за читање на „Папокот на светот“. Во него тројството на светлината го надминува дуализмот на светот. Дуализам кој и го уништи стариот свет, со сите негови морални вредности, и го претвори во опожарена цивилизација врз чии јагленосани остатоци треба да се крене новиот продуховен свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот