Венизелос: Неотпочнувањето на преговори со ЕУ се одразува негативно врз Грција

Неотпочнувањето пристапни преговори со Северна Македонија повлекува доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име, изјави поранешниот лидер на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Евангелос Венизелос, кој во минатото беше вицепремиер, министер во повеќе влади, но и шеф на грчката дипломатија, анализирајќи ги последиците по Грција од ветото во ЕУ за старт на преговорите со земјава.

– Одбивањето на Европскиот совет за започнување пристапни преговори, мислам дека влијае негативно за Грција во однос на рамнотежата на Договорот од Преспа. Во член 1 параграф 10 од Договорот предвидено е дека политичкиот преоден период за употребата на сложеното име во документите што се издаваат во внатрешноста на договорната страна зависи од отворањето на поглавјата во пристапните преговори. Според тоа, неотпочнувањето пристапни преговори повлекува доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име, односно доцнење во однос на „ерга омнес” употребата на името- објаснува Венизелос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, поранешниот претседател на ПАСОК коментира дека исходот од Самитот на ЕУ е проблематичен, оценувајќи дека внатрешно политичките интереси ја одредиле позицијата на Франција.

– Грција ја интересира политичката стабилност во двете соседни земји, но и на целиот Западен Балкан, како и политичкиот кредибилитет на ЕУ во регионот за да може да се врши ефективен притисок преку контролите што произлегуваат од отворањето на поглавјата на пристапните преговори. Тоа е процес кој е постепен и долг. Од овој аспект, последната разврска на Европскиот совет е многу проблематична-истакнува Венизелос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот