Венизелос го напушта Движењето на промена

Поранешниот претседател на ПАСОК и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција по средбата со лидерката на Движењето на промена (коалицијата на ПАСОК) ја напушта партијата поради несогласувања и вели дека сега веќе ќе има можност, без партиски обврски динамично да ги брани неговите позиции за иднината на татковината.

– Не ѝ посакав успех за планот што КИНАЛ (Движење на промена) го прави опашка на СИРИЗА, но ѝ се заблагодарив бидејќи веќе ќе имам можност, без партиски обврски динамично да ги бранам моите позиции за иднината на татковината – вели Венизелос по денешната средба со Генимата, што била по нејзина иницијатива.

Поранешниот претседател на ПАСОК, објаснува дека Генимата изразила став дека имаат несогласувања околу линијата што треба да ја следи Движењето на промена и дека за носител на пратеничката листа ќе назначи друг кандидат.

– Исто така ми рече дека не сака да изгледа дека на изборите не го поддржувам Движењето на промена, па затоа последното место на листата со кандидати за целата држава би можело да го добијам јас – вели Венизелос.

Од Движењето на промена соопштија дека со одлука на претседателката Фофи Генимата, носител на пратеничката листа за цела Грција, на претстојните избори, ќе биде Јоргос Каминис кој до неодамна беше градоначалник на Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот