Венгер: Уживам да ги гледам тренерите како се мачат

twitter/france24

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер за Би-Би-Си изјави дека сега кога е во пензија поинаку гледа на фудбалот.

Французинот дури 22 години седеше на клупата на Арсенал и за тоа време освои три шампионски титули, вклучувајќи ја и титулата од 2003/04 кога цела сезона не претрпе ниту еден пораз во Премиер лигата.

– И понатаму го сакам фудбалот и обожувам да го гледам од дистанца. Далеку поопуштено ги гледам натпреварите и размислувам зашто тој фудбалер донел ваква или онаква одлука или како некоја екипа требало да одигра подобро. Фудбалот можеш да го гледаш постојано бидејќи секој натпревар е поинаков. Се релаксирам гледајќи ги тренерите како се мачат. Тогаш си помислувам: Момци, сега е редот на вас – вели Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот